Македонската пејачка Тамара Тодевска заминува на европска турнеја. Тамара веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.
Тамара на 5 октомври ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на 2 ноември во Архус, Данска, а на 30 ноември во Келн, Германија.
„Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации“, порача Тодевска на својата официјална страница.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб