Младата манекенка Софија Ричи (20) пријателите на Инстаграм веќе со денови ги „бомбардира“ со провокативни фотографии од егзотичните Кариби. Ќерката на славниот пејач Лајонел Ричи (70) заминала на одморот со женска екипа.
Патувањето го организирала ријалити ѕвездата Кајли Џенер (21) за да го прослави лансирањето на својата нова козметичка линија, а најдобрите пријателки по тој повод ги однела на Карибите.
Бујната Софија на следбениците на социјалните мрежи им покажала како изгледа топлес, а освен бројните комплименти добила и неколку иронични критики.
– Па не мора баш сè да остане во семејството… Чуден избор на момче и на најдобра пријателка – во врска си со Скот Дисик, а се дружиш со Кајли, која е полусестра на неговата бивша Кортни Кардашијан – коментирале некои.