Мирка седела на две столчиња? Мирослава Федерер е една од највлијателните жени во Швајцарија, но не само затоа што е сопруга на Роџер Федерер.
Мирослава Вавринец е родена во Швајцарија во 1978 година, а само две години подоцна нејзините родители се преселиле во Швајцарија.
Таму ја запознала Мартина Навратилов која ја поттикнала да тренира тенис со што професионално се занимавала до 2002 година.
Меѓутоа интересна е приказната како се запознала со Федерер.
Тие се запознале на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, а не многу долго потоа „влегле“ во љубовна врска.
Тоа што сепак никој не го знаел е тоа што Мирка криела голема тајна – во моментот кога влегла во врска со Роџер Федерер таа била верена за пребогат арапски султан.
Роџер тоа го дознал многу месеци подоцна. Дури кога сфатила дека е заљубена во него тогаш ја прекинала врската со арапскиот султан.
Девет години подоцна тие го изговориле судбоносното „да“, а бидејќи Мирка повеќе не игра професионално тенис таа сега е најголемата поддршка на својот сопруг.
А, тој изјавил дека ќе престане да се занимава со тенис кога тоа ќе го каже неговата сопруга.
– Кога на Мирка ќе ѝ дојде преку глава да патува, тогаш ќе престанам со тенис – изјавил тој во една прилика.