Гризман: Реакцијата на Атлетико е патетична

306
ФОТО: EPA / MANUEL BRUQUE

Новиот напаѓач на Барселона, Антоан Гризман ја утврди реакцијата на неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид за трансферот кај Каталонците како „патетична“. Францускиот репрезентативец официјално стана играч на шампионите на Шпанија минатата недела, откако тие ја платија неговата откупна клаузула во висина од 120 милиони евра.

Од Атлетико тврдат дека договорот меѓу Гризман и Барселона е направен многу порано, кога според договорот на напаѓачот на Атлетико, клаузулата била во вредност од 200 милиони евра, а мадриѓаните изразија решителност да поднесат жалба до ФИФА за случајот.

– Реакцијата на Атлетико е патетична. Намерно отидов да разговарам со нив, за да не останат изненадени и да можат да се подготват за иднината. Имавме договор, но потоа тој се промени, такви работи се случуваат, тие треба да го прифатат тоа – прокоментира Гризман.

ФОТО: EPA / MANUEL BRUQUE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...