Шеесет и тригодишниот Ненад Рониќ од Књажевац испукал 29 куршуми кон мажот, синовите и снаата на својата ќерка, бидејќи бил бесен поради расправија и тепачка помеѓу внукот од ќерката и внукот од синот, пренесува „Курир.рс“.
Триесет и осумгодишниот Јастреб Асановиќ и неговиот син, 19-годишниот Иван Рониќ, им подлегнале на повредите. Едниот веднаш на лице место, а другиот починал во болница. Сопругата на Иван, 20-годишната Романа и 15-годишниот Бенџамин се тешко повредени и сега се во болница.
Масакрот се случил во куќата на ќерката на Ненад, Моника, каде убиецот дошол штом слушнал дека синот на Моника, Иван, се степал со својот братучед по вујко.
– Ненад е вдовец. Има две ќерки и еден син. Моника живее во Књежевац, а другите деца живеат во Германија. Кобниот ден од Германија дошол синот Синиша со семејството. Синот на Синиша се степал со својот братучед Иван. Дедото за тоа дознал, земал оружје и отишол кај ќерката Моника. На Ненад некој му кажал дека Иван го убил својот братучед. Збеснал, па седнал во автомобилот и отишол до куќата на својата ќерка. Штом влегол во дворот, извикал: „Твојот син го уби мојот внук!“. Ќерката го убедувала дека тоа е лага, но тој не сакал да слуша. На родената ќерка и ги уби сопругот и синот, додека и ги рани снаата и помалиот син. Беше пијан – изјавил соседот Божин Симиќ.
Саша Асановиќ, роднина на убиениот Јастреб, кажал дека локалната полиција знаела оти Ненад поседува оружје.
– Пред десетина години и мене ме бркаше со пиштол за да ме убие. Се обиде и со возило да ме прегази. Побегнав веднаш во полициска станица. Им раскажав што се случи, дека е насилен и дека оружје. Го пријавив, но ништо. Не му беше одземено оружјето – рекол Саша.
Уште поголем масакр спречил соседот Милош Стефановиќ, кој слушнал што се случува.
– Ја прескокнав оградата, му пријдов од зад грб и му ја земав пушката. Ненад побегна, а јас ја видов пушката, во неа имаше само еден куршум, а внатре може да има триесет. Страшно е тоа што се случи – рекол тој.
Зукан Стефановиќ, татко на ранетата Романа, кажал дека е точно тоа дека Иван и неговиот братучед се степале, но и дека брзо се смирила ситуацијата.
– Ги разделивме и си заминаа дома. Час подоцна дошол дедото и пукал кон целото семејство. Ја рани мојата ќерка, а нејзиниот сопруг го уби. Романа е оперирана – рекол таткото.
Убиениот Иван и неговата ранета сопруга Романа станале родители пред помалку од еден месец.
– Романа се породи кон крајот на јуни. Таа и Иван добија син. Детето нема да го запознае таткото, се надеваме дека барем мајката ќе преживее – изјавиле соседите.
Петнаесетгодишниот Бенџамин е изрешетан по нозете, додека Романа била погодена во стомакот и куршумот се заглавил во левиот кук.
Таткото на убиениот Јастреб Асановиќ, Радомир Павловиќ, рекол дека сите знаеле каков е Ненад.
– Мојот син е убиен, а Романа се бори за живот. Сите знаевме каков е Ненад, со него со години не зборував. Ненад секогаш кога ќе се напие предизвикува тепачки, нема со кој не се степа. Кој знае колку пати доаѓала полицијата поради него – рекол Павловиќ.
ФОТО: Курир.рс