Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува. УВ=5
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 15 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува. УВ=5
Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната температура до 24 степени.
Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.