Фирма на сопственикот на дивоградбата кај Чинарот во трка на тендер за уривање дивоградби

1702

Нефи Усеини, советник на ДУИ и сопственик на пицеријата-дивоградба кај Чинарот во Охрид  конкурирал на тендерот за фирма која ќе ги урива охридските дивоградби. Неговата фирма е меѓу двете компании кои доставиле понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид.

Усеини во разговор за ТВ24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма „Нефи ИК“. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини во друштво на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко пред неколку дена свечено ја отвори неговата пицерија од која дел е дивоградба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...