На Катица Јанева ѝ е запленет телефонот

6732
20160212 Friday katica janeva

На специјалната јавна обвинителка, чие име се споменува како инволвирано во истрагата во која осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, вечерва ѝ одземен мобилниот телефон, дознава Плусинфо од извори во истрагата.

Според нашите информации, досега нема наредба за претрес во нејзиниот дом, туку истражните органи само и го одзеле телефонот.

Како што е веќе познато, полицијата вечерва врши претреси и во домот на родителите на Боки 13, а влегле и во просториите на 1 ТВ, како објект кој го користел осомничениот.

Детали за истрагата:

Боки 13 и Кичеец барале 8 милиони евра за да помогнат на осомничен, се бара притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...