Вучиќ по средбата со Макрон: Не го менувам мислењето за Косово, го молев да ни помогне да го решиме ова прашање

435

За Франција, Косово е независно, за Србија не е. Мора да разбереме дека постојат земји кои размислуваат поинаку. Макрон е еден од ретките лидери кои сакаа да не слушнат, српскиот претседател Александар рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Белград.

Тој рече дека има доверба дека Макрон сака да го зачува мирот и стабилноста на Балканот и дека верува во она што тој ќе го изнесе како идеја за решавање на косовското прашање.

– Го молев да ни помогне да го решиме ова прашање, тој беше отворен и чесен да сослуша. Величествени заклучоци по овој состанок не се можни -, рече Вучиќ.

Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...