Поранешниот пратеник Павле Богоевски, побара одговорност за сите, вклучувајќи ги и тие кои лажеле дека ја делеле нивната борба. Богоевски ова на Фејсбук го напиша по денешната прес конференција на обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска за апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени дека од осомничен барале 8 милиони евра за да влијаат кај обвинител за прекин на истрага.
Тој додаде дека недостасуваат одговори на неколку прашања.
– Прашања кои треба да бидат одговорени по пресот на ОЈО:
- Дали Обвинителот на кого осомничените наводно се обиделе (или успеале) да му/и вршат влијание го пријавил случајот по службена должност?
- Јавниот обвинител одговори дека предистражната постапка е започната по кривична пријава во мај годинава. Дали пријавата е поднесена од органите на прогонот, или од оштетениот?
- Дали матерјалните докази се обезбедени од органите на прогонот, или од оштетениот?, т.е. Дали органите на прогонот сами го изготвиле предметот, или биле доведени пред свршен чин, во очи на веќе обезбедени докази и ризик истите да излезат во јавност во случај на нивно непостапување?
Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!, напиша Богоевски на фејсбук.