Суомалаинен заминува од шеф на Мисијата на ОБСЕ

99

Задоволство од соработката на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа и посебно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, упати шефот на дипломатијата Никола Димитров на прошталната средба со со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен.

Димитров искажл благодарност за активностите на Мисијата, како и значајната улога и ангажманот на амбасадорката Суомалаинен во изминатиот три годишен период.

Министерот ја повтори подготвеноста на Македонија да продолжи со ваквата соработка во наредниот период, особено во областите кои се комплементарни на европскиот и евро- атланскиот интегративен процес на земјата.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ се заблагодари на поддршката и отворената соработка со сите македонски институции за време на нејзиниот мандат, во исклучително значајни моменти за Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...