Портпаролот на ДУИ, Бујар Осамани демантира дека партијата условува нов гувернер на Народна банка да биде Фатмир Бесими, а актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежовска да седне во фотелјата на министерството за финансии. Информацијата дека се прави пазар ДУИ да го земе гувернерското место ја објави весникот Коха.
Но, впечатливо е дека Османи негира само дека во моментов има какви било преговори за таа функција, но не и дека Бесими може да седне на гувернерската позиција. Познато е дека гувернерската функција е меѓу позициите кои партијата на Али Ахмети смета дека треба да бидат предводени од Албанец. Инаку за потсетување Фатмир Бесими пред повеќе десети години беше вицегувернер на Народната банка.
– Прво во коалицијата не функционираме со условувања, туку со меѓусебно разбирање и договарање и второ демантирам дека кога било или со кого било е разговарано за таква комбинација. Фатмир Бесими е професионалец кого би го посакала секоја економско-финансиска институција, вклучувајќи ја и Народна Банка, но тоа е прашање на неговата професионална експертиза, а не партиско политичка комбинаторика – изјави Османи.