Заев: Транспарентен ветинг за зајакнување на системот во државата

100

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека е за транспарентен ветинг, но не само во правосудството, со цел да се зајакне системот во државата.

– Со причини сум застанал зад еден процес и до ден денеска стојам на тоа стојалиште како најбрз начин да го подобриме правосудството во државава, а тоа е распуштање со право на реизбор. Кога разговаравме со европските партнери тие побараа лична, а не колективна одговорност и таа е помалку важната причина. Како втора најважна причина е ресурсниот капацитет, односно како да се пополнат испразнетите судиски и обвинителски места ако тие заминат по процес на ветинг – рече Заев.

Тој додаде дека во државава по систематизација има 750 судиски места, а дека во моментов има 520 судии.

– Во моментот од 520 судии ако на пример 200 не ги исполнуваат условите ќе останеме со 320 судии од 750 проектирани како потреба. Тогаш ќе навлеземе во други видови проблеми – рече Заев.

Тој истакна дека денеска Академијата за судии и јавни обвинители е во постапка на конкурс на 60 кандидати за судии и јавни обвинители.

– Правиме напори тие 60 ако можат да станат 120, но Академијата нема ниту капацитети, ниту имаат сопствена зграда каде што треба да се прават обуките. Разговараме со Европската Унија на сите стручни соработници, адвокати, универзитетски професори со над пет години практично искуство да можат на два – три месеци во Академијата да го полагаат испитот, рече заев на денешната прес-конференција во Владата – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...