Еден месец ќе се вози по една лента на патот од Крклино до Битола

339

Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот поради асфалтирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...