Хрватскиот министер за државен имот, Горан Мариќ поднесе неотповиклива оставка.
Како што рекол, ниту еден ден на своето работно место не го поминал во мирни услови.
– Работев во програмирани околности во кои станав мета. Ова е медиумска оркестрација … не сум во состојба да прифатам невиден удар на достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство – рекол Мариќ, пренесува „Индекс.хр“.
Тој додал дека сите кои сакаат да му го претворат животот во хаос, нема да успеат во тоа.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб