Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да ја посети Србија, а за неговото доаѓање, српскиот министер за надворешни работи изјавил дека сака да му ја испее „Шанзелизе“.
Дачиќ за српските медиуми кажал дека на Макрон му пеел во Трст пред две години, а ако му се укаже прилика, ќе му пее и сега.
– Само ќе мора на брзина да научам некоја француска песна, на пример „Шанзелизе“ – рекол Дачиќ.
FOTO: EPA/ FLORIAN WIESER