Најбогатиот човек на светот првпат во јавноста со љубовницата – бакнежи, галење ФОТО

Безос со љубовницата седел во кралската ложа, само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

1490

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос (54), сопственикот на „Амазон“ и неговата љубовница Лорен Санчез првпат се појавија во јавноста и тоа на голема врата. Безос и Санчез го следеле финалето на Вимблдон помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Безос со љубовницата седел во кралската ложа, само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Но, изгледа дека Безос повеќе бил заинтересиран за Санчез отколку за возбудливиот тениски натпревар.

Тој постојано ја бакнувал својата партнерка, и не ги тргнувал очите од неа.

Пред неколку дена беше финализиран разводот помеѓу Џеф Безос и Мекензи, тежок 38 милијарди долари.

Мекензи и Џеф беа во брак 25 години и имаат четири деца – три сина и посвоена ќерка од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...