Македонија со три победи се враќа од турнирот во Косово

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со три победи се враќа од турнирот во Косово кој се одржа викендот.

155

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со три победи се враќа од турнирот во Косово кој се одржа викендот.

Селекторот Александар Јованчев е задоволен од прикажаната игра на своите избраници, за кои верува дека ќе бидат максимално подготвени за претстојното Европско првенство (дивизија Б) на кое ќе земат учество.

– Задоволен сум од тимската енергијата ангажираноста и сплотеноста на играчите како и од почитувањето и одговорноста која ја носи националниот дрес. Тоа беше една од нашите примарни цели за која потрошивме многу часови во разговор со репрезентативците. Во последниот период на сите собири ставивме акцент на скок играта која за прв пат во овие две години на последниот турнир беше во наша полза. Турнирите ги завршивме со 10 победи и 2 пораза што би требало да е доволно добар мотив во текот на летото да работиме напорно и спремни да го дочекаме европското првенство Б дивизија – изјави Јованчев за веб страницата на МКФ.

Македонија на турнирот во Косово ја победи домашната селекција со 71:56, Бугарија со 62:54 и Романија со 107:50.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...