Војвотката од Сасекс Меган Маркл и пејачката Бијонсе конечно се сретнаа очи в очи. На премиерата на филмот „Кралот на лавовите“ во Лондон првпат се запознаа и се прегрнаа како да се знаат со години.
Срдечна прегратка и бакнеж и по некој коментар за децата размениле Меган и Бијонсе кои биле во друштво на своите сопрузи.
И принцот Хари срдечно ја прегрнал Бијонсе, а се ракувал со нејзиниот сопруг Џеј Зи.
Бијонсе веќе порано неколкупати нагласи колку ѝ се допаѓаат принцот Хари и Меган, а кога им се роди синот, веднаш порача дека малиот принц Арчи е прекрасен.
Меган на премиерата на филмот се појавила во фустан од црн сатен и тул со миди должина додека Бијонсе облекла златен долг фустан со длабок изрез на нозете.
FOTO: Rebecca English/Tviter/Printksrin
FOTO: Sussexroyal/Instagram/Printskrin