Возач вчера на бензинска пумпа во село Удово, валандовско, си наполнил гориво и платил со три фалсификувани банкноти од по 1.000 денари.
Вработените приметиле отпосле и синоќа околу полноќ пријавиле во полициската станица. Засега, идентитетот на измамникот е непознат.