Тропската бура „Бери“ што ја зафати Луизијана ослабна и сега премина во таканаречена тропска депресија, но метеоролозите и натаму предупредуваат дека може да дојде до поплави и појава на торнадо.
Метеоролозите најавуваат дека максималната брзина на ветрот опадна на 55 километри на час.
Националната метеоролошка служба соопшти дека поплавите и торнадото се забележани јужно и источно од центарот на бурата во Луизијана, а слична состојба може да се случи и на западниот дел на сојузната држава Арканзас.