Во Грција вчера регистрирани над 3.500 молњи

181

Силни врнежи од дожд и над 3.500 молњи донесе бурата „Адиноос“ во Грција.

Системот „Зевс“ на националната опсерваторија во Атина за регистрирање и лоцирање на молњите, во текот на вчерашниот ден, заклучно со 20 часот, регистрирал 3.699 молњи во цела Грција, од кои најголемиот дел биле во североисточниот и источниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Бурата „Адиноос“ и во следните денови, до среда, ќе донесе нестабилно време со силни врнежи од дожд, силен ветер и молњи во цела Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...