Во Књажевац синоќа со пушка биле убиени двајца, а тешко ранети две лица, пренесува „Курир.рс“.
Полицијата го уапсила 63-годишниот Ненад Рониќ, кој е осомничен дека околу 20 часот во дворот на семејната куќа извршил убиства, па побегнал.
Триесет и осумгодишниот Јастрев Асановиќ го изгубил животот на лице место, додека 19-годишниот Иван Рониќ им подлегнал на повредите во болница.
Убиените биле, како што дознава медиумот, зет и внук на убиецот, додека 20-годишната Романа и 15-годишник кои со тешки телесни повреди се пренесени во болница, се негови снаа и внук.
Се започнало со расправија помеѓу Иван Рониќ и неговиот братучед од стрико К.Р., кого Иван го претепал, па тој му се пожалил на дедото, кој веднаш ја зел пушката и направил масакр.
Се обидел да побегне, но полицијата брзо го уапсила. Како што се наведува, во семејството Рониќ досега немало пријава за насилство.