Во Грција запленети 100 килограми канабис, уапсени две лица

49

Во грчката област Теспротија полицијата заплени повеќе од 100 килограми канабис и уапси две лица, Грк и Албанец.

Теспротија се наоѓа во близина на границата со Албанија, а полицијата ги уапси за време на рутинска контрола на возилото во кое се пронајдени 99 пакети канабис со тежина од околу 102 килограми.

Како што пренесува весникот „Катимерини, уапсени се 40-годишен Грк и 36-годишен државјанин на Албанија, обвинети за трговија со дрога.

Албанецот се соочува и со други обвиненија поради илегален влез во земјата бидејќи претходно му бил забранет влез во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...