Телевизијата „Еуроњуз“ доаѓа во Србија, пишува весникот „Блиц“, наведувајќи дека договорот бил потпишан минатата недела и оти извршниот директор на медиумот Мајкл Питер ќе биде во делегацијата на францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска пристигнува во Белград.
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека преговорите за емитување во Србија траеле речиси една година.
– Почнавме пред една година, а интензивно преговаравме шест месеци и најпосле се договоривме. Еуроњуз отвора регионална канцеларија во Белград – рекол изворот.
ФОТО: ЕPA-KATIA-CHRISTODOULOU