Познаници во Чаир наместо да разменат пари, се испотепале, имало и пукотници

525

Синоќа околу 21:50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М (32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари.

По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...