Мајли Сајрус: Се омажив за Лиам, но и понатаму сексуално ме привлекуваат жени

Двојката се венча во декември лани, а сега Мајли за магазинот „Ел“ зборувала за тоа како нивниот брак ја збунува околината.

2516
ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Мајли Сајрус (26) и Лиам Хемсворт (28) се во брак неколку месеци, а пејачката во едно интервју рече дека тоа не значи дека таа повеќе не ја привлекуваат жените.

Двојката се венча во декември лани, а сега Мајли за магазинот „Ел“ зборувала за тоа како нивниот брак ја збунува околината.

– Сè уште сексуално ме привлекуваат жените, иако се оженив со Лиам – рекла Мајли.

„Мислам дека за луѓето е многу збунувачко тоа што се омажив за маж. Меѓутоа, мојата врска е уникатна, комплексна и модерна, нова е за многумина, мислам дека не живееме во свет каде луѓето ќе го разберат тоа“, рекла таа.

– Јас ја донесов одлуката да одберам за себе некој кој знам дека секогаш ќе биде таму за мене. Не мислам дека се вклопувам во улогата на сопруга, дури не го нисакам тој збор. Сите мислат дека целта на жената е да раѓа популација за планетата. А, кога тоа не е дел од нашата одлука и односот, многумина нè осудуваат или дури и се обидуваат да го сменат законот за да нè натераат на тоа – рече славната пејачка и актерка.

„Ако кажете дека не сакате деца, веднаш или те сожалуваат, или мислат дека си ладнокрвна кучка која не е способна за љубов“, додала Мајли.

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...