По отварањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид пред два дена, објект дивоградба, случајот го искоментира професорот Владимир Милчин и тоа неколку пати.
Денеска тој ја искоментира и изјавата за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.
„Ние сме хистеризирале? Не, министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?“, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.