Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Брнс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.
– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на Фејсбук профилот на американската амбасада.
Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.
„На пат назад за Скопје, амбасадорката Брнс ја проба познатата Рекорд баклава во Гостивар и смета дека е апсолутно превкусна. Што предлагате амбасадорката Брнс да проба додека патува во Скопје и низ земјата?“, стои на официјалниот Фејсбук профил на американската амбасада.
ФОТО Принтскрин