Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк и денеска ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.
Во текот на денот е предвидена детска програма каде децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ „Карпош“ и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов.
Од 21:00 часот на главната сцена на Школка ќе настапи рокенрол бендот „Културно уметнички работници“.
Во Chill & Fun Зона посетителите ќе може да се забавуваат со board игри, флипери, фудбалче, табла и Playstation.