Познатата актерка Стефани Нижник, која домашната публика ја запозна кога се појави во „Вовед во анатомија“, почина на 52-годишна возраст во нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Актерката, всушност, починала на 23 јуни, но нејзината смрт се чувала во строга тајност до сега.
Освен што не е познато зошто нејзината смрт се чувала во тајност, ниту причината сè уште не е откриена за јавноста.
Инаку, најголемата слава на Стефани ѝ ја донесе улогата на Нина во серијата „Everwood“, каде што играше со Трит Вилијамс. Покрај „Вовед во анатомија„ и „Everwood“, таа играше во „ЦСИ Мајами“, како и во „Ѕвездени патеки“.
Како помлада, сакала да биде генетичарка, но кратко време по дипломирањето на руски јазик и глума, почнала да занимава со актерство.