Полицијата приведе пет лица од Гостивар кај кои е пронајдена марихуана и кокаин.
Како што е соопштено, службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа ги уапсила И.Џ (21) и А.Џ (18) од Горна Бањица и Л.А (18) од Гостивар, кај кои пронашле марихуана.
Во 3.10 часот пак денеска се уапсени 17 годишник од Гостивар и С.М (25) исто така од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.