Една млада Американска се шокирала кога келнерот ја послужил со риба во хрватски ресторан во Сплит. Кога пристигнал келнерот со нарачката, Американката почнала да вреска на цел глас и истрчала од ресторанот плачејќи.
Другите гости го прашале келнерот што се случило, а тој кратко одговорил: „Ѝ донесов риба“.
– Голем метеж е, не обрнав внимание, инаку секогаш кога ги сервирам нив, им ја сечам главата на рибите… – објаснил келнерот.
Младата Американска била згрозена од рибјата глава на чинија, а во еден момент почнала да вреска „It has eyes!“ (Има очи).
Келнерот рекол дека прекуморските гости го молат да им ја исчисти рибата или шкампите, а често тој самиот и го прави тоа.
Но, овојпат не го направил тоа, а налетал на девојка со чувствителен карактер, која сакала риба како од продавница, пренесува „Морски.хр“.