Ирина Шајк го „шутна“ Бредли Купер па се фотографираше топлес ФОТО

Се фотографирала топлес, позирајќи пред огледалото во луксузно, долго здолниште од розев сатен, а со рацете ги покрила нејзините голи гради.

2486

Ирина Шајк се фотографираше топлес за потребите на едиторијалот за познатниот магазин, првпат по раскинувањето на четиргодишната врска со Бредли Купер. Таа изгледа многу провокативно на фотографиите и докажа дека може да ја оддели нејзината кариера од нејзиниот приватен живот.

Ирина Шајк е главна ѕвезда на едиторијалот дигиталното издание на магазинот „Харпер’с базар“. Се фотографирала топлес, позирајќи пред огледалото во луксузно, долго здолниште од розев сатен, а со рацете ги покрила нејзините голи гради. Ирина изгледа многу елегантно и софистицирано, и притоа покажала дека е голем  професионалец кога станува збор за моделството.

Делува дека емотивните бродоломи не можат да ја нарушат во нејзината кариера. Сепак, атрактивната манекенка вели дека не е совршена и дека има денови кога изгледа лошо.

„Не сум совршена, имам денови кога мојата кожа е лоша и кога мојата коса е ужасна. Понекогаш не изгледа како модел, јас сум само обичен човек“, изјавила таа во интервјуто.

 

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...