Скопјани дивеат со своите возила, 55 возачи само вчера возеле над дозволеното

Откриени се и 22 останати прекршоци за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

227

Вкупно 55 возачи во Скопје ја пречекориле брзината во населено место и преземени се мерки против нив, соопшти полицијата.

Откриени се и 22 останати прекршоци за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, спроведе акциска контрола во изминатото деноноќие, од 6 до 24 часот.

Акциската контрола е за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...