Чадорот и денеска ќе биде дел од вашиот багаж, попладне ќе врне

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

134
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 и 17, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...