МВР информира дека вчера во 15 часот било пријавено дека над селото Сермин-
гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“, бил пронајден
починат М.Ќ.(47) од с.Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за
екстремни спортови.
М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време истиот починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од
Полициска станица Гевгелија.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.