Добри се шансите за одлука за полноправно членство во НАТО во декември, смета Заев

319

Имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој изрази благодарност до Турција и Чешка, кои вчера ја завршија ратификацијата на Протоколот за членство, изразувајќи уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила ратификацијата, како и дека Шпанија наскоро ќе формира Влада и парламентарно мнозинство, со што Парламентот ќе може да гласа за Протоколот.

– Веќе сме со ратификуван договор од 21 земја. Тоа се за нас добри пораки заради тоа што во последните пет-шест месеци ратификацијата се движи со повеќе од посакуваното темпо. Остануваат уште осум земји, верувам дека оваа или до крајот на следната недела Британија ќе не информира дека е истечен рокот од 21 ден и таму ратификацијата е завршена, со што ќе бидат 22. Се надеваме дека Шпанија бргу ќе формира влада и парламентарно мнозинство за да може да гласа, а другите земји веќе не информираа за процедурите и протоколите, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на археолошкиот локалитет Стоби.

Веројатно, дополни Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров во скоро време ќе не информира за процедурите и постапките во останатите осум држави каде што очекуваме да се случи ратификацијата, така што и тоа како имаме добри шанси на 3 или 4 декември да добиеме одлука за полноправно членство за НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...