Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигна во Кривичниот суд. Тој треба да сведочи за нападот врз пратеникот Зијадин Села, кој најбрутално настрада во насилствата во Собранието на 27-ми април.
Освен преѕтседателот на Собранието, за сведоци во овој случај се повикани и министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како и премиерот Зоран Заев.