Најмалку шестмина загинати, 13 повредени и осуммина исчезнати во свлечишта и поплави во Непал

117

Најмалку шест лица загинаа, 13 други се повредени, а осуммина се водат за исчезнати откако обилните монсунски дождови денеска предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал, јави ДПА.

Метеоролозите издадоа предупредувања по поројните дождови што ги погодија источните и централните региони на земјата.

– Регионите Хили се погодени од лизгање на земјиште, додека регионот на источните рамнини претрпе поплавувања – изјави Умаканта Адхикари, претставник на Министерството за внатрешни работи.

Последните трид ена Непал е погоден од обилни дождови. Одделот за временска прогноза предупреди дека во текот на викендот ќе има континуирани дождови и силни ветришта во неколку делови на земјата.

Најмалку четири автопати во различни делови од земјата се блокирани од свлечишта, наведе Националниот центар за вонредни ситуации.

Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што во нив гинат стотици лица, пренесува ДПА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...