Името на шеесет и осумгодишната пензионерка Кристин Роулс од Велика Британија се наоѓа на листата на сексуални престапници бидејќи фатила болничар за половиот орган и го прашала „колкав ти е?“.
Таа повикала Брза помош бидејќи се чувствувала лошо. Додека болничарот се обидувал да и го измери притисокот, нејзината рака отишла на недозволено место.
Болничарот, кој сакал да биде анонимен, кажал на судот во Манчестер дека и ја тргнал раката, но таа почнала да го допира по градите. Кога не и го дозволил ни тоа, му рекла дека е отпуштен.
Инцидентот се случил лани во април во стан за бездомници, каде таа била сместена. Пред некој ден била приведена и кажала дека не се осеќа за виновна.
Бидејќи пијана постојано викала Брза помош, сега тоа и било забрането.
– Не се обидов да го допрам ниту бев непристојна – се жали Роулс.
Кристин повторно ќе биде на суд следниот месец.
ФОТО: Принтскрин