Жена од Тексас била уапсена откако полицијата открила дека ги држела посмртните останки на својата мајка во куќата во која живеела со својата ќерка.
Полицијата верува дека 71-годишната баба, чие тело е пронајдено, се повредила во 2016 година кога паднала во домот.
Постојат сомнежи дека нејзината 47-годишна ќерка не ѝ помогнала, па несреќната жена починала по неколку дена од компликации од повредите кои не биле опасни по живот, пренесува „Би-Би-Си“.
Коските на починатата се пронајдени на подот во спалната соба. Ќерката и внуката спиеле во другата соба.
Бидејќи внуката е малолетна и живеела покрај коските на својата баба, нејзината мајка е обвинета и за „повреди на право на дете помладо од 15 години“. Сега таа била однесена кај роднини, а на нејзината мајка ѝ се закануваат 20 години затвор и парична казна од 10.000 долари.