Џорџ Клуни има тајна мисија: Сака да ги спои Бред Пит и Џенифер Анистон

Неговиот план започнал така што поранешните сопружници ги поканил да одат со него и со неговата сопруга Амал (41) на тајно патување во Рим.

850

По 14 години откако актерот Бред Пит (55) и актерката Џенифер Анистон (50) се разведоа, се чини дека нивниот пријател Џорџ Клуни (58) има нешто во план.

Се шпекулира дека Клуни сам себе си задал мисија повторно да ги спои Бред и Џенифер, пренесува „Мирор“.

Неговиот план започнал така што поранешните сопружници ги поканил да одат со него и со неговата сопруга Амал (41) на тајно патување во Рим.
Причината за ова е тоа дека Џорџ сака да го види еден од своите најдобри пријатели повторно среќен. Според неог, тоа значи само едно – повторно во врска со Џенифер.

Така, Бред и Џенифер остнале во приватна вила во Рим. Клуни се организирал, кажувајќи дека сместување резервирал за своите родители, за да не има никакви љубопитливи очи.

Испаднало романтично, благодарение на персоналот кој се однесувал многу дискретно.

Интересно е дека Бред бил заинтересиран на нов заеднички живот со Џенифер, но се чини дека на Бред нема да му успее, со оглед на тоа дека, како што рекла Џенифер, два нејзини брака завршиле бидејќи „среќата повеќе не постоела во тој договор“.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...