Битолчани на автомобили врзуваа балони со „Ова не е паркинг“ (ФОТО)

253

„Ова не е паркинг“ е името на најновата герила акција која се спроведува во Битола и во рамки на неа, битолчани на оние кои се погрешно паркирани на автомобилите им закачија жолти балони на кои пишува „Ова не е паркиг“.

„Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола“, наведуваат организаторите на акцијата.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно Општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...