Oколу 15 часот вчера на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.
Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.