Жртва на уапсениот педофил, пријател на Трамп и Клинтон: Бев престрашена, го молев да престане (ВИДЕО)

447
ФОТО: Принтскрин

Џенифер Араоз изјави дека имала 15 години кога ја силувал американскиот милијардер Џефри Епстин, личен пријател на низа високи американски политичари и личности од јавниот живот и шоу бизнисот, меѓудругите и Бил Клинтон и Доналд Трамп.

– Бев престрашена. Го молев повторно и повторно да престане – кажала Араоз.

Почнала да оди во домот на милијардерот кога имала 14 години и го масирала облечена само во долен веш.

Откако ја силувал, Араоз престанала да оди кај него, иако постојано била убедувана да оди од неговиот персонал. Дури престанала да оди во училиште кое се наоѓало во близината на неговиот дом, се плашела дека повторно ќе ја нападне.

Инаку, Епстин е уапсен пред пет дена на аеродром во Њујорк, на враќање од Париз. Тој е осомничен дека им плаќал на малолетнички за масажи, а потоа сексуално ги искористувал.

Тој во минатото постигнал, како што пишуваа американските медиуми, добро спогодување за признавање на вината како би ги избегнал федералните обвинувања за сексуално злоставување малолетнички.

Имено, во 2008 година тој ја признал вината за сексуално злоставување малолетничка, па ја избегнал доживотната казна. Добил 13 месеци затвор и бил регистриран како сексуален престапник, иако истрагата утврдила дека сексуално злоставувал 36 малолетни лица.

Најновите обвинувања се однесуваат на сексуални злосторства кои се случиле помеѓу 2002 и 2005 година во Њујорк и Палм Бич на Флорида. Според нив, тој водел фирма преку која плаќал стотини долари во готовина за да има сексуални односи со девојчиња од 14 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...