Битолчани да побараат надомест на штета од општината

141

По силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 10.07.2019 година и остави големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, истите потребно е да достават соодветна документација до Општина Битола, информираат од општината. 

За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 19.07.2019 до 15:30 часот, да достават:

– Барање до Општина Битола за надомест на штета;

– Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.

Доставената документација ќе биде разгледана од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...