На забавата каде беше Груевски, се журкаше и порно ѕвездата Роко Сифреди (ФОТО)

11948

На бизнис забавата во Будимпешта каде се појави поранешниот премиер Никола Груевски, бил и порно актерот Роко Сифреди, што може да се забележи од фотографиите објавени на официјалната Фејсбук страница за овој настан.

Тој е фотографиран на црвен тепих со уште двајца мажи и една жена, облечен е панталони, сако и бела кошула.

На Фејсбук страницата е објавено дека на забавата присуствувале претставници на компании и поканети гости.

Роко Сифреди пред четири години најави дека ќе се повлече од порно-индустријата бидејќи се плаши дека ќе ја загуби сопругата. Тој кариерата ја почна во 80-тите и зад себе има над 1.500 порно проекти, како актер и режисер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...