Рајко Дујмиќ е болен и затворен, а на сопругата не смее да и пријде

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал, здравјето на Дујмиќ станува сe полошо и полошо. Наводно многу тешко дише и едвај се движи.

1781

– Рајко Дујмиќ во моментот се наоѓа во затворската болница во Светошимунска. Јас не сум искрено сигурна зошто е таму, очигледно не се чувствува добро. Неговата здравствена состојба е негова лична работа – рекла за порталот „24сата.хр“ адвокатката Сандра Ханчиќ од адвокатската фирма Грубеша и партнери кои на судот го бранат композиторот Рајко Дујмиќ (64), основач на некогаш една од најпопуларните групи „Нови фосили“.

Имено, Дујмиќ, како што рекла за „24сата.хр“, полицијата го сомничи за кривично дело на штета на неговата сопруга Снежана.

– Рајко е во истражниот затвор, меѓу другото, поради опасноста од влијание врз сведоците во текот на судењето. Поради тоа не ни смее да комуницира со сопругата – рекла Ханчиќ.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал, здравјето на Дујмиќ станува сe полошо и полошо. Наводно многу тешко дише и едвај се движи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...