На социјаните мрежи се споделува видео на кое бугарскиот премиер Бојко Борисов на маргините на Самитот во Сараево го покани македонскиот претседател Стево Пендаровски да остане во друштво со него и со српската премиерка, Ана Брнабиќ.
– Седи си тука при нас – му вели Борисов на Пендровски.
Претходно, кога претседателот им се доближи да ги поздрави, прегрнувајќи го Борисов му се обрати со зборовите: „Љубави, како си?“ и додаде „поздрав од Зоки“.
Со Брнабиќ, Пендаровски немаше толку емотивно поздравување.
Кога неповикан ѕиркаш како подножичка … во балкански *машки разговори
– Поздрав од ЗоЌи 😂
⏬https://t.co/uXkqTkXdFy
⏬https://t.co/FV5Qg5r9Xk pic.twitter.com/bxq9lCGGx1— Види Види #Бојкотира (@1VidiVidi) July 10, 2019